Турската министерка Ѓокташ: „Не можеме да ја игнорираме“ хуманитарната криза во Газа

September 25, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Туркије не може да ја игнорира хуманитарната криза со која се соочува населението на Газа, порача турската министерка за семејство и социјални услуги, Махинур Оздемир Ѓокташ, јавува Анадолу.

„Не можеме да го игнорираме масакрот што го врши Израел во Појасот Газа, ниту хуманитарната криза со која се соочува населението на Газа, а која се одвива пред очите на целиот свет“, рече Ѓокташ на настан на маргините на 79-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Трагичните последици од овие напади го загрозуваат најфундаменталното човеково право, правото на живот. Како Туркије, ја повикуваме меѓународната заедница да се обедини и да преземе итни мерки за прекин на огнот“, додаде Ѓокташ.

Таа, исто така, ја спомена и турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги, која беше убиена од израелските сили на окупираниот Западен Брег овој месец.

Ејги (26) беше активистка за човекови права, волонтер на Меѓународното движење за солидарност, кое ги поддржува Палестинците преку мирни и цивилни средства против израелската окупација на палестинските територии.

Турско-американската државјанка беше застрелана во главата од израелските сили на 6 септември за време на мирен протест против илегалните еврејски населби во близина на Наблус, на окупираниот Западен Брег.

Таа беше пренесена во палестинска болница, но почина и покрај максималните напори на лекарите. Беше погребана на 14 септември во Дидим, нејзиниот роден град во Ајдин, Туркије.

Семејството на Ејги ја повика американската Влада да започне независна истрага за нејзиното убиство, слична на онаа што ја спроведуваат турските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Модриќ збесна по жолтиот картон, па – ептен сочно го опцу судијата

Следно

Одложено повтореното судење за модуларната болница

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop