Турската министерка Ѓокташ го напушти обраќањето на израелската министерка во ОН

March 12, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Турската министерка за семејство и социјални услуги Махинур Оздемир Ѓокташ го напушти обраќањето на својата израелска колешка на состанокот на Обединетите нации (ОН) во знак на протест против нападите на Израел врз Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Ѓокташ ја напушти 68. Комисија на ОН за статусот на жените (CSW) во седиштето на ОН во Њујорк, додека израелската министерка Меј Голан зеде збор да се обрати на состанокот.

Враќајќи се во салата по говорот на Голан, Ѓокташ рече: „Кога разговараме за еднаквоста, не може да ја игнорираме тековната хуманитарна криза како резултат на акциите на Израел кон Палестинците, кои водат до огромно човечко страдање.“

Таа нагласи дека Туркије силно ги осудува нападите врз Газа и го повторува својот повик за итен прекин на огнот и брза и непречена хуманитарна помош, додавајќи дека Анкара стои со палестинскиот народ, имајќи предвид дека 70 отсто од оние што ги загубија животите се жени и деца.

„Тековниот масакр во Палестина треба да го задржиме на врвот на глобалната агенда и да ги удвоиме нашите напори за ставање крај на оваа трагедија. Мора да се обединиме во нашето заедничко чувство на болка и да се погрижиме нашите гласови да се слушаат посилно и погласно“, рече таа.

Ѓокташ потсети дека Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН е „важна пресвртница“ во решавањето на несразмерното и единствено влијание на вооружените конфликти врз жените и дека спроведувањето на клучните одредби од резолуцијата е „од витално значење“.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на 7 октомври предводен од палестинската група Хамас.

Оттогаш во Газа се загинати повеќе од 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 лица се повредени.

Израел, исто така, воведе блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради уништувачката блокада и недостигот на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови бран напади со дронови и ракети во Украина и во Русија

Следно

Османи: Нов конкурс за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка, првпат нашата држава ќе има свој кандидат

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop