„Туркиш ерлајнс“ продолжува со летовите кон Сирија по 13-годишен прекин

January 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денес продолжи со летовите за Сирија со првиот лет Истанбул-Дамаск по 13 години откако ги прекина операциите во 2012 година поради граѓанската војна во земјата што траеше повеќе од десетина години, јавува Анадолу.

Многу Сиријци изразија радост поради враќањето во татковината по години егзил. Некои носеа знамиња од декемвриската сириска револуција, кога брзо падна режимот на Асад.

Речиси 350 патници се качија на авионот што полета за Меѓународниот аеродром во Дамаск откако им беше извршена проверка на билетите и пасошите.

Патничката Фатма Зехра за новинарите изјави дека дошла во Туркије кога имала само 2 години и дека е многу возбудена што заедно со семејството се враќа во татковината каде што е родена.

Сега 14-годишната Зехра рече: „Никогаш не сум ја видела мојата земја. Многу сум возбудена што ќе ја видам првпат. Од Дамаск ќе одиме во Алепо. Таму ќе ја видам баба ми.“

Околу 4 милиони Сиријци се засолнија во соседна Туркије за време на војната, која прими повеќе Сиријци од која било земја во светот.

Ахмет Кираз, друг патник, рече дека дошол во Туркије во 2012 година, каде што изградил живот со учење и работа и дека никогаш не очекувал да се врати во Сирија.

„Мислевме дека никогаш нема да се вратиме“, рече тој. „Но кога дојде можност, бевме многу среќни. Се враќам во мојата земја со првиот авион, чувствувам како да сонувам.“

Авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој тргна од аеродромот во Истанбул во 09:00 часот по Гринич, се очекува да слета на Меѓународниот аеродром во Дамаск по краток двочасовен лет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон ги сподели своите емоции од првата трка со болидот на Ферари

Следно

Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop