„Туркиш ерлајнс“, по 10 години пауза, продолжува со летовите од Истанбул за Бенгази, Либија

January 14, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Летовите од Истанбул до североисточниот либиски град Бенгази продолжија денес по 10-годишна пауза, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.

Уралоглу за Анадолу изјави дека турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ до Бенгази ќе лета трипати неделно.

Тој рече дека „Туркиш ерлајнс“ започна со летови до Бенгази во мај 2009 година и леташе редовно до јануари 2015 година.

Уралоглу истакна дека Министерството ја користи поволната географска локација на Туркије со инвестиции во полето на авијацијата на земјата.

„Ја трансформиравме Туркије во една од најголемите мрежи за летови во светот, бидејќи нејзината локација овозможува пристап до 67 земји со комбиниран бруто-домашен производ од 51,2 билиони долари во радиус од четири часа лет“, рече тој.

Уралоглу рече дека 32 нови аеродроми се изградени во Туркије во последните 22 години, овозможувајќи 58 домашни и 349 меѓународни дестинации да бидат достапни по воздушен пат.

Министерот истакна дека летовите до Сантијаго и Чиле, исто така, се продолжени во декември 2024 година, додека претходно истиот месец, „Туркиш ерлајнс“ започна со летови на релација Истанбул – Куала Лумпур – Сиднеј, зголемувајќи го вкупниот број меѓународни дестинации на 349.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иниго ќе отсуствува четири недели поради повреда на тетивата

Следно

До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури

Latest from Blog

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот

Средба на Проданоски со прилепчанецот Оливер Димоски, заменик-градоначалник во Сиднеј

Можностите за соработка и зајакнување на врските со македонските иселеници во Австралија беа тема на средбата меѓу градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, и Оливер Димоски, прилепчанец кој извршува одговорна функција во локалната
Go toTop