Туркије во првите два месеца од оваа година угости 4,34 милиони странски туристи

March 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије угости 4,34 милиони странски туристи во првите два месеца од 2025 година, според официјалните податоци објавени денес, јавува Анадолу.

Бројот на странски посетители во период од јануари до февруари остана непроменет во споредба со овој период минатата година, покажаа податоците на Министерството за култура и туризам.

Истанбул, најголем град во Туркије по број на жители и водечка туристичка дестинација, пречека 57,8 отсто од сите странски посетители или речиси 1,25 милиони во овој двомесечен период.

По него следува Едрене, град во Северозападна Туркије што граничи со Бугарија и Грција, како и медитеранскиот туристички центар Анталија.

Што се однесува до националноста на странските туристи, Иран беше на прво место со 10,7 отсто од вкупниот број посетители, по него следуваат Русија и Бугарија.

Само во февруари Туркије ја посетиле 2,17 милиони странци, што е намалување од 5,34 отсто на годишно ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон најбрз на спринтот во Шангај

Следно

Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, ставот на Унгарија може да стане мнозински

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop