Туркије: Во Кахраманмараш спасена 42-годишна жена 222 часа по земјотресот

February 15, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Од под урнатините на зграда во јужниот турски град Кахраманмараш спасена е 42-годишната Мелике Имамоглу дури 222 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди југот на Туркије, јавува Анадолу.

Имамоглу по 222 часа беше извлечена од урнатините во округот Оникишубат, Кахраманмараш, од тимовите за пребарување и спасување од Бурса.

Откако е извлечена од под урнатините, Имамоглу е предадена на медицинските екипи.

Во Кахраманмараш, кој беше епицентар на разорните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени и други турски области погодени од земјотресот, продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните од невидената катастрофа во која во Туркије загинаа најмалку 35.418 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И првиот градски хор на Скопје остана извисен од Министерството за култура

Следно

Блинкен и Гутереш разговараа за олеснување на хуманитарниот пристап во Сирија

Latest from Blog

Трамп вели дека САД потопиле седум мали ирански брода во Ормускиот теснец

 Трамп одби да каже дали примирјето меѓу САД и Иран останува на сила откако двете страни отворија оган  кон Ормутскиот теснец. Обединетите Арапски Емирати, сојузник на САД, соопштија дека нивната воздушна одбрана

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден од најгласните активисти за правата на Ромите

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија еден од своите најавтентични ликови. На 64-годишна возраст, под долго боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, новинар, уредник, актер и еден од најгласните активисти за

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на
Go toTop