Туркије во 2024 година оствари е-извоз од 6,4 милијарди долари

March 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Е-извозот на Туркије во 2024 година достигна 6,4 милијарди долари, што претставува скок од 27 отсто во однос на претходната година, соопшти денес Министерството за трговија на Туркије, јавува Анадолу.

Учеството на турскиот е-извоз во вкупниот извоз на стоки во 2024 година изнесува 2,6 отсто, што е раст од 2,12 отсто од 2023 година.

За да се осигури дека економскиот придонес на е-извозот ќе продолжи да расте, земјата тежнее кон зголемување на обемот на е-извозот на 8 милијарди долари оваа година, се вели во соопштението.

Министерството истакна дека пакетите за поддршка во вредност од 320 милиони турски лири (8,78 милиони долари) биле обезбедени за различни бизниси, со цел да се зголеми уделот на извозниците во глобалната трговија во областа на е-извозот.

„Во овој контекст, на листата на целни земји ги додадовме ОАЕ, Катар, Кувајт, Нигерија и Саудиска Арабија, членки на Организацијата за исламска соработка со висок потенцијал за е-извоз, а обезбедивме и дополнителна поддршка од 20 отсто за активностите во овие земји“, се додава.

За да го олесни влезот на компаниите во Кина, светскиот лидер во е-трговија, Туркије, исто така, воведе поддршка на пазарната провизија.

Како дел од нејзината „Стратегија за далечни земји“, во поддршката се вклучени трошоците за провизија за големите пазари во САД и Канада што работат со персонализирани производи и секторите за автомобилски резервни делови.

„Ние ќе продолжиме да придонесуваме за зајакнување на нашата земја во глобалниот екосистем за е-трговија со организирање на Глобалниот самит за е-извоз во Истанбул (IGEXX) и во 2025 година, кој минатиот септември на едно место ги собра експертите од областа на е-трговијата и ги спои нашите компании со над 30 глобални пазари“, се додава.

Цел е учеството на е-извозот во вкупниот извоз на стоки во 2028 година да биде 10%.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на Светскиот куп во Полска

Следно

СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта, а да нема за минимална плата за работниците

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop