Туркије во 2023 година клучен играч во продажбата на електрични автомобили

January 10, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије забележа 65.562 продажби на електрични автомобили во 2023 година, надминувајќи многу земји од ЕУ и обезбедувајќи го шестото место на рангот за продажба во Европа, јавува Анадолу.

Според неодамнешните податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), продажбата на целосно електрични автомобили во земјите на ЕУ се зголеми за 48,2 отсто на годишно ниво на 1,3 милиони единици во октомври и ноември 2023 година.

Во овој период, Германија забележа најголем број продажби на електрични автомобили во ЕУ, 469.565, потоа Франција 260.864 и Холандија 103.330.

Шведска го освои четвртото место со 100.698 продадени примероци, а Белгија беше петта со 86.823.

Туркије објави дека има 65.562 продадени целосно електрични автомобили, рангирајќи се на шестото место.

Италија се најде на седмото место со 59.462, потоа Данска со 52.866, Шпанија со 45.716 и Финска со 27.435 продадени електрични автомобили.

Сепак, без продажбата на електрични возила со продолжен домет, Туркије се најде на седмото место на листата, веднаш по Италија, со 54.273 продажби на целосно електрични автомобили од јануари до ноември.

Вкупниот пазар на автомобили и лесни комерцијални возила во Туркије се зголеми за 57,4 отсто на годишно ниво во 2023 година, достигнувајќи 1,2 милиони продадени единици, покажуваат податоците собрани од Анадолу од Здружението на дистрибутери на автомобили во земјата ODMD.

Продажбата на автомобили во Туркије се зголеми за 63,2 отсто на годишна основа до 967.341 единица, додека продажбата на лесни комерцијални возила се зголеми за 39,2 отсто на 265.294 единици.

– Продажбата на автомобили на бензин на прво место во Туркије –

Продажбата на автомобили на бензин е рангирана на прво место во Туркије, со 646.385 продадени единици во 2023 година, по што следуваат дизел-автомобилите со 133.374.

Продажбата на хибридни автомобили вклучува 104.804 продадени единици, а продажбата на автомобили кои работат на течен нафтен гас (ЛНГ) 10.599.

Што се однесува до целосно електричните автомобили, продажбата достигна 65.562 продадени автомобили.

Вклучувајќи ја продажбата на „плаг-ин“ хибридни електрични автомобили, тип автомобил кој комбинира мотор со внатрешно согорување со електричен мотор, со батерија на полнење што може да се полни преку надворешен извор на енергија, продажбите на електрични автомобили изнесуваат вкупно 72.179.

Електричните автомобили со продолжен опсег се вклучени и во оваа категоризација на електрични возила од страна на Министерството за трговија на земјата, така што продажбата на целосно електрични и хибридни автомобили во 2023 година ја надмина продажбата на дизел-автомобили со вкупно 170.366 продадени единици.

– Продажбата на целосно електрични автомобили се зголеми за 844,4 отсто –

Продажбата на автомобили на бензин во Туркије се зголеми за 58,1 отсто, продажбата на автомобили на дизел за 29,1 отсто, а продажбата на автомобили со течен нафтен гас за 27,6 отсто на годишна основа во 2023 година.

Што се однесува до електричните автомобили, продажбата на хибридни автомобили забележа пораст од 62,8 отсто, а продажбата на целосно електрични автомобили 844,4 отсто во истиот период.

– Уделот на пазарот во продажбата на целосно електрични автомобили достигна 6,8 отсто –

Пазарниот удел на продажбата на автомобили на бензин во Туркије падна од 69 отсто во 2022 година на 66,8 отсто во 2023 година.

Слично на тоа, пазарниот удел на продажбата на автомобили на дизел опадна од 17,4 отсто на 13,8 отсто, додека пазарниот удел на продажба на автомобили со течен нафтен гас падна од 1,4 отсто на 1,1 отсто.

Пазарниот удел на продажбата на целосно електрични автомобили се зголеми од 1,2 отсто на 6,8 отсто, додека пазарниот удел на продажбата на хибридни автомобили е малку намален од 10,9 отсто на 10,8 отсто.

Имајќи ги предвид целосно електричните, електричните автомобили со продолжен опсег и хибридните автомобили, 18,3 отсто од вкупниот пазар се состоеше од електрифицирани автомобили.

Во 2012 година имаше само една компанија во Туркије која продаваше најмалку еден електричен модел, но до 2021 година бројката се зголеми на 13, на 16 во 2022 година и на 27 од октомври минатата година, со додавањето на кинескиот гигант за електрични возила BYD, според податоците на ODMD.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Блинкен во Рамала на разговори со палестинскиот претседател Абас

Следно

Можно ли е продолжување на рокот за промена на личните документи?

Latest from Blog

Проданоски: Слободата е завет што Прилеп го пренесува на идните генерации

Со положување свежо цвеќе и оддавање почит пред спомениците на народните херои, во Прилеп утрово започна одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека овој

На познат фудбалер од Премиерлигата му се заканувале со пиштол!

Страшно. Како што пренесуваат медиумите на Островот, неименувана ѕвезда од англиската Премиерлига, вредна речиси 70 милиони евра, била држена под закана со пиштол во центарот на Лондон. Фудбалерот, кој е во своите

Се урна дел од кула во близина на Колосеумот во Рим – едно лице е заробено под урнатините

Еден работник е хоспитализиран со сериозни повреди по делумното уривање на средновековна кула која била во фаза на реновирање во центарот на Рим, во близина на Колосеумот, објави новинската агенција АНСА. Двајца

Ѓорѓиевски: Со поддршка од Град Скопје, Бети ќе постигне уште повеќе за Кисела Вода

Досегашниот градоначалник на Кисела Вода и нов градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ѝ ја предаде функцијата на својата наследничка, Бети Стаменкоска Трајкоска. На свечената примопредавање на должноста, Ѓорѓиевски ја пофали

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја трошат енергијата, Лавот да внимава на потребите на партнерот

Овен Почетокот на работната недела ве наполнува со моќна креативна енергија. Понеделник ве поттикнува да ја претворите инспирацијата во конкретни чекори, но бидете внимателни со импулсивните одлуки. Космосот фаворизира проекти кои бараат
Go toTop