Туркије утре ја отвора својата амбасада во Дамаск

December 13, 2024
1 min read

Турската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск, ќе биде отворена утре (сабота), соопшти вечерва турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, пренесува Анадолу.

„Тие (персоналот на амбасадата) се на пат како тим. Амбасадата ќе започне со работа утре“, изјави Фидан за приватната телевизија НТВ.

Во врска со неодамнешниот пад на режимот на Башар ал-Асад на почетокот од овој месец, соочени со брзото напредување против режимот, Фидан рече дека Туркије „го отворила патот за тоа да се случи без пролевање крв“ со продолжување на разговорите со „двата клучни актера“, мислејќи на Русија и Иран.

Тој нагласи дека Сирија сега има „суверена национална власт“ способна да ја врати својата територија, додавајќи дека оваа власт нема да го признае авторитетот ниту на терористичката организација ПКК/ЈПГ, ниту на „која било друга сила“ на нејзина територија.

Фидан ја истакна стратешката цел на Туркије за елиминација на ПКК/ЈПГ, додавајќи: „Или сами ќе се распуштат или ќе бидат распуштени“.

За израелската провокација за окупација на Голанската Висорамнина во Сирија, тој рече дека Анкара испратила порака до Тел Авив, предупредувајќи го да се откаже од оваа „опасна стратегија“.

Израелската армија ја зазеде тампон зоната во сириската окупирана Голанска Висорамнина во неделата, набргу откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави пропаѓањето на договорот за раздвојување со Дамаск, надгледуван од ОН.

Антирежимските сили го зазедоа Дамаск во неделата по молскавичното напредување што го натера Башар ал-Асад да побегне во Русија по 13-годишната граѓанска војна и 53 години владеење на неговото семејство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се крие ли зад записниците на Судскиот совет, „Сваровски судството“ на Мицкоски?

Следно

Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања

Latest from Blog

Николоски: Брзата пруга на Коридорот 10 ќе добие современ систем за управување со возовите

Вештачката интелигенција веќе не е само теорија или технологија на иднината,  тоа е нешто што се случува околу нас.  Таа е голема можност која треба да се искористи. Како Влада создаваме правна

Општина Битола продава градежно земјиште за изградба на куќи: Пријавувањето трае до 14 декември

Општина Битола објави оглас за отуѓување неизградено градежно земјиште во државна сопственост, кое ќе се продава по пат на јавно електронско наддавање. Станува збор за земјиште предвидено за изградба на објекти со

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка
Go toTop