Туркије: Соседите ги чуваат фотографиите и личните работи на загинатите во земјотресот

March 31, 2023
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – ГОКХАН ЃУЏУКЛУОГЛУ / ВЕЈСЕЛ АЛТУН –

По разорните земјотреси што на почетокот на февруари ги погодија Туркије и Сирија под урнатините останаа голем број лични работи и фотографии, јавува Анадолу.

Во еден станбен објект во Адијаман загинаа 14 лица. Соседите ги чуваат нивните лични работи и фотографии за да им ги предадат на роднините.

Во Адијаман сѐ уште трае работата на отстранување на урнатините. Со екипите на терен се и соседите на загинатите и оние што, исто така, загубија некого во земјотресот.

Во зграда наспроти една од урнатите живее Абузер Дурмуш, сопственик на ресторан.

Тешко му е поради трагичната смрт на 14 соседи.

Тој и Абдурахман Тумам ја следат работата на теренот. Сакаат да пронајдат фотографии, лични работи или книги што им припаѓале на загинатите соседи. Желба им е собраните работи да им ги предадат на роднините на загинатите.

На фотографиите има многу натписи, спомени што тешко им паѓаат на преживеаните во Адијаман.

„На Невал со љубов, Хатиџе“, пишувало на една фотографија.

Абузер Дурмуш рече дека е тажен поради смртта на неговите соседи и дека му е уште потешко кога ќе најде некои нивни лични работи.

Како што рече, нашле многу примероци од Куранот, светата книга на муслиманите.

Абдурахман Тумам рече дека во земјотресот загинале голем број негови соседи.

Тумам порача дека барем ќе се обиде да ги зачува спомените на нив.

„Овде сум од првиот ден на земјотресот, кај урнатините. Изгубивме голем број соседи и познајници. Живееме во шатори бидејќи немаме каде. Чуваме спомени, фотографии… Ги чуваме сеќавањата на нив. Трагаме по роднините на загинатите чувајќи ги фотографиите“, додаде Тумам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов милионски трансфер од Динамо: Ливаковиќ се сели во Галатасарај?

Следно

Доналд Трамп ќе биде прв поранешен претседател на САД кој е обвинет

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop