Туркије со критики за закотвувањето на американскиот разурнувач во пристаништето на кипарските Грци

May 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије силно ја поддржа изјавата на Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за закотвувањето на американскиот разурнувач УСС Арли Бурк во пристаништето на кипарските Грци, јавува Анадолу.

„Како што постојано нагласувавме заедно со ТРСК, чекорите преземени во регионот од страна на Соединетите Американски Држави, кои ја нарушуваат рамнотежата на сметка на страната на кипарските Турци, ја оштетуваат долгогодишната неутрална позиција на таа земја во однос на островот и претставуваат пречка за праведно, одржливо и трајно решавање на кипарското прашање“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Министерството ги повика САД да ги преиспитаат овие политики.

Во соопштението се повторува посветеноста на Туркије, како држава гарант на островот, да ги заштити легитимните права и интереси на кипарските Турци под сите околности и услови.

– Повеќедецениски спор –

Кипар се наоѓа во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај серијата дипломатски напори на Обединетите нации (ОН) за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклавите заради нивна безбедност.

Во 1974 година државниот удар на кипарските Грци, чија цел беше грчка анексија на островот, доведе до воена интервенција на Туркије како земја гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Како резултат на тоа, во 1983 година основана е Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во последните години имаше неколку обиди за мировен процес, вклучително и неуспешната иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци влезе во Европската Унија во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Италијански медиуми тврдат, Елиф Елмас им кажал отворено, не е задоволен од минутажата во Наполи, сака да замине

Следно

Економските претставници на Русија и исламските земји се собраа на 14. Форум во Казан

Latest from Blog

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која

Меџити најавува револуција во Чаир: Над 760 илјади евра за нови улици и зелени површини

Населбата Топана во Чаир ќе добие значајни инвестиции од над 760 илјади евра за реконструкција на улиците и урбаната инфраструктура. Проектот вклучува нов асфалт, современи тротоари, целосно ново осветлување, паркинзи и зелени

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје не се случајни, некој создава вештачка криза пред избори

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека постојат основани сомнежи дека пожарите кои деновиве избувнуваат околу Скопје се намерно подметнати за создавање вештачка криза во пресрет
Go toTop