Туркије: „Снимките од болницата Шифа се доказ дека Израел сака систематски да го уништи палестинскиот народ“

April 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Снимки од болницата Шифа во Газа се доказ дека Израел има цел намерно и систематско уништување на палестинскиот народ, објави вчера турското МНР, известува Анадолу.

„Злосторствата што ги извршија израелските власти последните шест месеци зазедоа место меѓу најголемите варварства што човештвото ги доживеало во својата историја“, се вели во соопштението.

Се наведува дека ќе им се суди на сите што ги извршиле тие злосторства, а имињата на оние што замижале на извршувањето на тие злосторства ќе останат запишани во историјата како црна дамка.

Посочувајќи дека должност на меѓународната заедница е да го запре Израел кој ги занемаруваат човечката совест и законот, во соопштението се наведува дека тоа им штети на глобалниот мир и стабилност.

„Неопходните мерки мора да се преземат без одложување за да се осигури спроведување на најновата одлука за прекин на огнот што ја донесе Советот за безбедност на ОН и дополнителните мерки што ги најави Меѓународниот суд на правдата“, се истакнува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Следно

ЗЕЛС го осудува вооружениот напад кон градоначалникот на Општина Арачиново

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop