Туркије, Шведска и Финска ги започнаа преговорите за НАТО во Брисел

July 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ/БРИСЕЛ (АА) – Денеска започна петтиот состанок на Постојаниот заеднички механизам меѓу Туркије, Финска и Шведска за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО во белгискиот главен град Брисел, јавува Анадолу.

Домаќин на состанокот е генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а присуствуваат делегации од Туркије, Финска и Шведска.

Во турската делегација се министерот за надворешни работи Хакан Фидан, шефот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин, заменик-министерот за надворешни работи Бурак Акчапар и Акиф Чагатај Килич, главен советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На состанокот се очекува да бидат разгледани чекорите преземени од Финска и Шведска, особено во борбата против тероризмот врз основа на трилатералниот договор, по средбата што се одржа во Анкара на 14 јуни.

Состанокот се одржува пред самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на 11 и 12 јули.

Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО веднаш откако Русија ја започна војната во Украина во февруари 2022 година.

Иако Туркије го одобри членството на Финска во НАТО, таа чека Шведска да се придржува до трилатералниот меморандум потпишан во јуни 2022 година во Мадрид за да се решат безбедносните грижи на Анкара.

Шведска усвои антитерористички закон во ноември, надевајќи се дека Анкара ќе ја одобри кандидатурата на Стокхолм за влез во НАТО. Новиот закон, што стапи на сила од 1 јуни, им овозможува на властите да ги гонат лицата кои ги поддржуваат терористичките организации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот „крал“ стана „светец“, Марко Асенсио пристигна на „Паркот на принцовите“

Следно

Уапсени девет лица во Германија и Холандија осомничени за планирање терористички напади

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop