Туркије: Приведени 33 хакери поврзани со терористичката организација ДХКП-Џ

May 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Полициската управа во Анкара, приведе 33 лица во акција против хакери, кои се обиделе да извршат кибернапади на 450 веб-страници на јавни турски институции, јавува Анадолу.

Како што соопштија од Обвинителството во Анкара, станува збор за хакерски структури во рамките на терористичката организација ДХКП-Џ, а операции се спроведуваат во 19 градови низ Туркије.

Налог за приведување е издаден против вкупно 42 лица, припадници на хакерските т.н. групи „РедХак“ и „Црвени хакери“, а се осомничени за неовластен пристап до повеќе од десет илјади веб-страници, меѓу кои и 450 веб-страници на државни институции и установи.

Според соопштението на Обвинителството, за време на хакерските напади биле откриени обиди за пристап и пренос на доверливи податоци поврзани со државната безбедност.

Истрагата во врска со овој случај е во тек.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо подготвен да ја напушти Рома поради ПСЖ или Реал Мадрид

Следно

Зеленски: „Украина се бори за сопствената и европската иднина, како за време на Втората светска војна“

Latest from Blog

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон
Go toTop