Туркије: Приведени 32 осомничени кои подготвувале напади врз синагоги, цркви и ирачката Амбасада

December 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во заедничка операција на Разузнавачката служба на Туркије (МИТ) и турската полиција приведени се 32 лица осомничени за подготовка на терористички напади на цркви, синагоги и Амбасадата на Ирак во Анкара, пренесува Анадолу.

Меѓу приведените се и тројца т.н. високорангирани членови на терористичката организација ДЕАШ.

Безбедносни извори потврдија дека МИТ и турската полиција од слобода го лишиле Миџбал ел Сувејхи, со кодно име „Абу Јакина ел Ираки“, наводно одговорен за разузнавачки работи во терористичката организација ДЕАШ.

Меѓу приведените се и Мухамед Хилаф Ибрахим, со кодно име „Ебу Лејс“, кој ги подготвувал нападите на синагоги и цркви, и Ијхеб Елани со кодно име „Абдула ел Џумејли“, терорист на ДЕАШ кој бил задолжен за подготовка на нападот врз ирачката Амбасада во Анкара.

Сите 32 осомничени се лишени од слобода во истовремена координирана акција во 9 градови на подрачјето на Туркије.

Во операциите е запленет дигитален материјал на терористичката организација ДЕАШ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за правда: На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во Беликесир

Следно

Дунав предизвика поплави во Будимпешта

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop