Туркије побара укинување на санкциите за Сирија по соборувањето на Асадовиот режим

January 8, 2025
2 mins read

ХАМИЛТОН (АА) – Постојаниот претставник на Туркије во Обединетите нации (ОН) денес повика на укинување на санкциите и отстранување на мерките против Сирија со цел да се поддржи закрепнувањето на земјата, јавува Анадолу.

„Иако крајот на режимот (на Башар ал-) Асад носи надеж за сирискиот народ и регионот, предизвиците што претстојат и понатаму се огромни“, рече Ахмет Јилдиз на седницата на Советот за безбедност на ОН за Сирија.

Тој истакна дека Сиријците претрпеле „години на незамисливо страдање и голема деструкција“ под режимот на Асад. „Мора да обезбедиме дека ќе се повика на одговорност за кршењето на човековите права и употребата на хемиско оружје од страна на режимот на Асад.“

„Во светлината на драматично променетата динамика во Сирија императив е да ги приспособиме нашите пристапи, со цел да ги задоволиме итните потреби на сирискиот народ“, рече тој. „Меѓународната заедница мора да усвои конструктивен пристап и да ја олесни непречената транзиција во Сирија.“

Истакнувајќи ја потребата од „брзи и конкретни акции“ за враќање на секојдневниот живот на Сиријците, Јилдиз рече: „Време е меѓународната заедница да го пренесе својот фокус од исклучително обезбедување хуманитарна помош на активна поддршка на стабилизацијата, брзото закрепнување и обновата на Сирија.“

„Ние, исто така, веруваме дека е време овој Совет сериозно да размисли за отстранување на санкциите и за бришење на мерките од листата. Напорите за закрепнување и обнова не можат да продолжат без решителна акција во овој поглед“, порача тој.

Јилдиз ја поздрави одлуката на САД за олеснување на санкциите, но рече: „Императив е да се прошири опсегот на исклучоците и да се отстранат временските ограничувања.“

Нагласувајќи ја посветеноста на Туркије на спречувањето на повторно заживување на терористичката организација ДЕАШ, Јилдиз, исто така, го повика Советот да ја „отфрли илузијата дека ЈПГ/СДФ е одвоена од ПКК“.

„Напорите за ребрендирање на ПКК не успеаја. Не може да има мирна и просперитетна Сирија додека ПКК продолжува да окупира значителни делови од сириската територија“, рече тој.

Јилдиз побара од терористичката организација ПКК да прекине со контролирањето на сирискиот природен гас и нафтени ресурси и да им ги врати на „нивните вистински сопственици – сирискиот народ“.

„Елиминирањето на тероризмот е предуслов за градење на институциите на мирна и политички обединета Сирија“, порача тој.

Ја осуди и континуираната воена операција на Израел на сириската територија и истакна дека „таквите потези го нарушуваат територијалниот интегритет на Сирија и ги поткопуваат напорите за стабилизирање на регионот“.

„Меѓународната заедница мора да преземе конкретни дејства за справување со овие незаконски акти“, нагласи тој.

Јилдиз ја повика меѓународната заедница конструктивно да се ангажира со новата администрација на Сирија и вети дека Туркије ќе продолжи да го поддржува закрепнувањето на земјата.

„Туркије, од своја страна, ќе продолжи да игра клучна улога во враќањето на нормалниот живот за братскиот сириски народ. Ние нема да штедиме напори за поддршка на обновата на сириската институционална, економска и физичка инфраструктура“, порача тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Пожарите низ Лос Анџелес зедоа две жртви, изгорени над 1.000 домови и деловни објекти

Следно

Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop