Туркије: По несреќата на жичарницата во Анталија од кабините спасени 98 лица

April 13, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Надлежните служби успешно спасија 98 лица заглавени во кабините по несреќата на жичарницата во јужната турска област Анталија во која загина едно лице, а седум се повредени, објави денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, јавува Анадолу.

Тој на социјалната мрежа Х објави дека четири хеликоптери под команда на крајбрежната стража имале активна улога во спасувачката операција.

„Успешно се евакуирани 98 лица од 15 кабини. Подрачјето се поддржува со заеднички напори на АФАД, жандармеријата, полицијата, армијата, УМКЕ, невладини организации и противпожарната бригада, вкупно 543 припадници на тимови за пребарување и спасување со седум хеликоптери, воен товарен авион, 108 возила, шест амбулантни возила и дронови“, наведе Јерликаја.

Во подрачјето на Конјаалти во градот Анталија вчера се случи трагичен инцидент кога столб при пад се судри со кабина од жичарницата, при што едно лице загина, а седум се повредени, меѓу кои и две деца.

Тимовите за реакција при катастрофи итно се упатени до местото на несреќата за да ги спасат преживеаните, а инцидентот предизвика привремено прекинување на работата на жичарницата.

Пожарникарите спроведоа операции за спасување на заробените во кабините.

Причината за несреќата засега е непозната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ги предупреди своите граѓани да го напуштат Иран

Следно

Еврејските доселеници продолжуваат со нападите врз палестинските населени места на окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop