Туркије планира обнова и модернизација на аеродромите во Дамаск и Алепо

December 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за сообраќај и инфраструктура на Република Туркије, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека извршиле евалуации поврзани со обновата и модернизацијата на сириските аеродроми во Дамаск и Алепо и најави дека во првата фаза од обновата на аеродромите во сириската престолнина ќе учествува и Генералната дирекција на државни аеродроми на Туркије, јавува Анадолу.

Уралоглу на програмата на Федерацијата на издавачи од Анадолија говореше за ситуацијата во Сирија по завршувањето на граѓанската војна и падот на повеќедеценискиот режим на Башар ал-Асад и истакна дека Туркије е присутна во многу сектори кои ги очекува обнова, вклучувајќи го и неговиот ресор за транспорт и комуникации.

Тој нагласи дека и на терен се покажало дека на сирискиот народ во овој момент му е потребна секаков вид помош.

„Во Сирија има пет аеродроми. Се издвојуваат два аеродроми, тоа се оние во Дамаск и Алепо. Минатата година на аеродромот во Дамаск патувале околу 100.000 патници. Аеродромот Истанбул опслужува толку патници за пет до шест часа. Во Алепо имаше околу 50 до 60 илјади патувања. Испративме тим таму и направивме преглед и евалуација на состојбата на аеродромите во Дамаск. Воопшто нема радарски системи. Тие се обидувале да го менаџираат тоа користејќи апликација за мобилен телефон“, рече Уралоглу.

Истакнувајќи дека тие веќе подготвиле Акционен план за обнова на аеродромот во Дамаск, Уралоглу рече дека на сличен начин ќе разгледаат и ќе утврдат што може да направи Туркије за обнова на железничката пруга до Дамаск, вклучително и историската пруга што води до Хиџаз.

Тој додаде дека Туркије веќе направила многу за обнова на патиштата и мостовите во областите каде што ги спроведува операциите против терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Турскиот министер Уралоглу нагласи дека Сирија заостанува неколку децении во развојот на телекомуникациските системи.

„Како ресорно министерство на Туркије ќе ги донесеме потребните одлуки и на тој план. Во Сирија потребно е сè. Размислете за печатење пари или какви ќе бидат парите на Сирија. На пример, дали знаевте дека парите во Сирија ги печатела Русија? Размислете за тоа, валутата на една земја да ја печати друга држава. Во моментов, многу земји во Африка се во слична ситуација, некои развиени земји им ги печатат парите. Туркије веројатно ќе помогне и во тој поглед“, истакна Уралоглу.

Туркије најавува инвестиции и во обновата и модернизацијата на пристаништата во Сирија. Уралоглу најави дека Туркије и Сирија ќе ги заштитат своите права и на полето на истражување на резервите на нафта и гас во Медитеранот во согласност со меѓународното право.

„Се разбира, пред сè треба да се воспостави власт во Сирија“, заклучи Уралоглу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 4.000 семејства бараат исчезнати роднини, приведени од режимот на Асад

Следно

Мерните станици во Охрид особено навечер покажуваат енормна загаденост

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop