„Туркије не е принудена да избира меѓу ЕУ и Шангајската организација за соработка“

September 1, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – „Туркије не е принудена да избира меѓу Европската унија (ЕУ) и Шангајската организација за соработка, како што тврдат некои“, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Додека ги зајакнуваме нашите односи со Истокот, ќе бараме начини да ја унапредиме нашата длабоко вкоренета соработка со Западот“, рече претседателот Ердоган за време на церемонијата на доделување дипломи и предавањето знаме во Поморската академија на Универзитетот за национална одбрана во Истанбул.

Нагласувајќи дека Туркије до крај ќе ги штити своите права во „Сината татковина“ и нема да дозволи да се прекршуваат правата на кипарските Турци, Ердоган продолжи со зборовите:

„Фактот дека постојат граници меѓу нас и луѓето со кои сме живеевме пред само еден век не значи дека ќе бидеме одвоени од географијата на нашите срца“.

„Планираме да ја пуштиме во употреба нашата подморница ‘Хизир Реис’ веќе во 2025 година, а подморницата „Мурат Реис“ во 2026 година. Нашите преостанати три подморници ќе ги комплетираме до 2029 година“, рече Ердоган во оваа прилика.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гвардиола: Ни со пиштол не може да се запре Халанд

Следно

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“- ова е состојбата на патиштата низ Македонија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop