Туркије најостро го осуди атентатот на Исмаил Ханије: „Нападот има за цел ширење на војната во регионот“

July 31, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Република Туркије најостро го осуди атентатот во кој во Техеран беше убиен лидерот на политичкото крило на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, известува Анадолу.

„Најостро го осудуваме масакрот во кој беше убиен шефот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханије, како резултат на гнасен атентат во Техеран“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Министерството упати сочувство до народот на Палестина, кој за да живее на својата земја, во мир и во својата држава веќе даде стотици илјади жртви, како Ханијe.

Во соопштението уште еднаш се посочува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата администрација немаат намера да постигнат мир.

„Овој напад има цел да ја прошири војната од Газа во поширокиот регион. Ако меѓународната заедница не направи ништо за да го запре Израел, регионот ќе се соочи со многу поголеми конфликти. Туркије ќе продолжи да ги поддржува правилните напори на народот на Палестина“, се истакнува во соопштението.

Палестинското движење Хамас потврди дека нивниот лидер Исмаил Ханије е убиен утрово во воздушен напад во Техеран.

Во соопштението се наведува дека Израел извршил напад во кој е убиен Ханије, политичкиот водач на палестинското движење.

Исмаил Ханије престојувал во Техеран за да учествува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан.

Иранската државна телевизија претходно објави дека лидерот на Хамас, Ханије, бил убиен во терористички напад врз неговата резиденција во главниот град на Иран.

Ханије беше избран за шеф на Политичкото биро на Хамас на 6 мај 2017 година, при што го замени Халид Мешал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гувернерот на Калифорнија ѝ објави војната на сатирата

Следно

Махмуд Абас го осуди убиството на лидерот на Хамас

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop