Туркије минатата година заработи 54,3 милијарди долари од туризмот

January 31, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Приходите на Туркије од туризмот во 2023 година изнесуваа 54,3 милијарди долари, што е зголемување од 16,9 отсто на годишно ниво, објави денес Заводот за статистика на Туркије (TurkStat), јавува Анадолу.

„Вкупниот број посетители, вклучително и турски државјани кои живеат во странство, во 2023 година е 57 милиони, што е зголемување од 11,1 отсто во однос на претходната година“, наведува ТуркСтат.

Во текот на изминатата година, 67,6 отсто од туристите ја посетиле Туркије главно за „патување, забава, спортски и културни активности“, а 67,4 отсто од турските државјани кои живеат во странство ја посетиле Туркије за да се видат со роднините и пријателите.

Само во последното тромесечие од минатата година, приходите од туризмот се зголемени за 6,8 отсто на 12,27 милијарди долари, со 12,4 милиони посетители, што е зголемување за 4,1 отсто во однос на истиот квартал 2022 година.

Минатата година, бројот на турски државјани кои посетиле странски земји е зголемен за 52,3 отсто на 11,06 милиони, додека просечната потрошувачка изнесувала 639 долари по глава на жител.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Француските земјоделци со трактори се упатија кон Париз

Следно

Крвмов за „Студио 10“: ДУИ освен фолклор не нудат ништо за граѓаните

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop