Туркије: Користење на груба сила против целото цивилно население не може да се легализира како самоодбрана

December 3, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Употребата на „груба сила против целокупното цивилно население од страна на окупациската израелска сила не може да се легализира како самоодбрана“, рече вчера портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, известува Анадолу.

Во врска изјавата на израелскиот министер за надворешни работи Ели Кохен објавена на социјалната мрежа Х, Кечели истакна дека „Израел што повеќе ги угнетува Палестинците и ја уништува нивната основна слобода, толку повеќе ќе се соочи со поголем отпор бидејќи се поголем бројот Палестинци ќе продолжат да бараат остварување на своите колективни и индивидуални права.“

„Во сржта на проблемот лежи израелската окупација, како и нејзиниот експанзионистички менталитет и репресивни акции кои во потполност ги игнорираат законот, човечките права и универзалните принципи“, рече Кечели.

Кохен претходно изјави дека Израел „ќе ја ослободи Газа од Хамас, поради безбедноста на Израел и создавање на подобра иднина за жителите на регионот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери технички премиер, Митрески претседател на Собранието, СДСМ и ДУИ со заедничка листа?!

Следно

Израелската војска уништи 80% од возилата на Цивилната заштита и опремата за спасување во Појасот Газа

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop