Туркије изрази длабоко жалење за нападот во Њу Орлеанс во кој загинаа најмалку 10 лица

January 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије длабоко жали поради нападот во Њу Орлеанс и се надева дека мотивот зад нападот во американската сојузна држава Луизијана наскоро ќе биде откриен, јавува Анадолу.

„Длабоко сме тажни поради нападот што се случи во Њу Орлеанс, САД“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Туркије.

Во соопштението се изразува надеж дека мотивот за нападот ќе се утврди „што е можно поскоро“ и се изразува сочувство до загинатите, а на повредените им се посакува брзо закрепнување.

„Изразуваме сочувство до семејствата и пријателите на оние кои ги загубија животите, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.

Се надеваме дека мотивот за нападот ќе биде откриен што е можно поскоро и дека оние кои би можеле да бидат одговорни ќе одговараат пред правдата“, се заклучува.

Најмалку 10 лица загинаа, а 35 се повредени кога маж со камион влета во толпа луѓе кои ја прославувале Новата година во популарниот француски кварт во Њу Орлеанс, соопштија денес локалните власти.

Инцидентот се случи околу 3:15 часот по локално време на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на градот. Повредените се пренесени во пет блиски болници.

Историската област е популарна кај туристите и е место за прославување на големите празници, особено новогодишната ноќ.

Повеќе медиуми објавија дека осомничениот е мртов, наведувајќи анонимни извори од полицијата.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел, го нарече фаталниот инцидент за време на прес-конференцијата „терористички напад“.

Официјален претставник на ФБИ, кој ги информираше новинарите заедно со Кантрел, рече дека е пронајдена најмалку една импровизирана експлозивна направа и дека агентите се обидуваат да утврдат дали станува збор за „реална направа или не“.

Напаѓачот отворил оган и од своето возило откако удрил во толпата, застрелувајќи двајца полицајци, соопшти полицијата, додавајќи дека тие се во стабилна состојба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Асадовиот режим ја користел планината Касјун како место за производство на барел бомби

Следно

13 години од смртта на Киро Глигоров

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop