Туркије: Израелскиот фудбалер Сагив Јехезкел ослободен по сослушувањето

January 15, 2024
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Израелскиот фудбалер на Анталијаспор, Сагив Јехезкел, кој беше приведен откако на натпреварот во турската Суперлига прослави гол давајќи му поддршка на Израел, во контекст на израелските напади врз Газа, беше ослободен по сослушувањето во Обвинителството, јавува Анадолу.

Во Обвинителството во Анталија заврши сослушувањето на израелскиот фудбалер кој утринава беше приведен во истрагата што ја поведе Основното јавно обвинителство поради сомнение дека сторил казнено дело „поттикнување на јавноста на омраза и непријателство“. По сослушувањето, Јехезкел е ослободен.

Крилниот играч на Анталијаспор, Јехезкел, претходно е исклучен од составот на турскиот фудбалски клуб поради неговото произраелско прославување на голот на ремито против Трабзонспор вчера.

Потпретседателот и портпарол на турскиот клуб, Еврен Алкан, рече дека адвокатите на Анталијаспор работат на раскинување на договорот со Јехезкел.

Откако постигна гол против Трабзонспор, Јехезкел сподели порака за солидарност со Израел со кревање на раката во завој. Пораката се однесува на нападот на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври и 100 дена израелски напади врз Газа. Завојот имаше Давидова ѕвезда што го симболизира еврејскиот идентитет.

Се огласи и турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, кој изјави дека истрагата е поведена „поради лошата постапка на фудбалерот со која го поддржа израелскиот масакр во Газа по постигнувањето гол, за поттикнување на јавноста на омраза и непријателство“.

Фудбалската федерација на Туркије го осуди како „целосно неприфатливо однесувањето“ на Јехезкел, а против одговорните беше поведена дисциплинска истрага.

Во меѓувреме, истанбулскиот клуб Башакшехир поведе дисциплинска истрага против израелскиот фудбалер Еден Карзев поради слични пораки на социјалните мрежи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петте најбогати луѓе во светот го удвоиле своето богатство

Следно

По ерупцијата на вулканот лавата стигна до првите куќи на градот Гриндавик

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop