Туркије има за цел да го зголеми обемот на трговска размена со Грција на 10 милијарди долари

December 7, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије има за цел да го зголеми обемот на трговска размена со Грција од 5,5 милијарди долари на 10 милијарди долари, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Говорејќи пред билатералниот состанок со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу во Атина, Ердоган рече дека двете страни ќе разговараат за чекорите за постигнување на оваа цел за време на неговата еднодневна посета на Грција.

Турскиот претседател, исто така, истакна дека верува оти 5-тиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција ќе биде клучен за зајакнување на новата ера меѓу соседните земји.

„Министрите од двете страни ќе разговараат за унапредување на односите“, додаде тој.

Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе копретседаваат со 5-тиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Грција на кој ќе се разгледаат сите аспекти на билатералните односи, како и чекорите за унапредување на соработката.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот Сенат ја блокираше помошта за Украина и Израел

Следно

„Болниците на северниот дел на Газа се надвор од функција“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop