Туркије го поздрави потегот на Јужна Африка да го изведе Израел пред Меѓународниот суд

January 3, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес го поздрави потегот на Јужна Африка да го изведе Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради неговото наводно злосторство геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Го поздравуваме барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата поднесено против Израел за прекршување на неговите обврски од Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година“, рече портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, на Х.

„Израелскиот масакр на повеќе од 22.000 палестински цивили, главно жени и деца, во Газа за речиси три месеци не може да помине неказнето, а одговорните мора да одговараат пред меѓународното право“, додаде тој.

„Се надеваме дека процесот ќе биде завршен колку што е можно поскоро.“

„Се очекува МСП да издаде привремена наредба со која ќе му нареди на Израел да ги запре нападите врз Газа“, рече тој.

Кечели рече дека Туркије ќе го следи спроведувањето на оваа одлука.

Барањето поднесено во петокот се однесуваше на „наводните прекршувања на Израел на неговите обврски според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид кон Палестинците во Појасот Газа“, се вели во соопштението за печатот на МСП.

Јужна Африка ќе се појави пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) со седиште во Хаг следната недела за да го претстави својот случај против наводниот геноцид на Израел во Газа, изјави претставник на Министерството за надворешни работи. Рочиштето е закажано за 11 и 12 јануари.

Израел ќе се појави пред судот за да ги оспори обвинувањата, изјави денес портпаролот на израелската Влада.

Анадолу неодамна објави книга со наслов „Доказите“ што содржи слики што откриваат евентуални криминални дејства на Израел во Газа. Јужна Африка ги користи фотографиите докази за да го аргументира својот случај во МСП.

Бројот на загинати во израелските напади врз Газа од прекуграничната офанзива на Хамас на 7 октомври надмина 22.000, а повеќе од половина се жени и деца.

Поголем дел од населението на енклавата, повеќе од 2,2 милиони, и понатаму е под опсада и бомбардирање, раселено и има недостиг на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Леопардите во Украина ретко кој остана

Следно

Мицотакис и Ел-Сиси разговараа за хуманитарната ситуација во Газа

Latest from Blog

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна
Go toTop