Туркије го осуди нападот врз новинарот на Си-ен-ен Турк додека известувал за терористичката организација ФЕТО во САД

June 2, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Република Туркије го осуди нападот врз Јунус Паксој, новинарот на Си-ен-ен Турк од Вашингтон, кој беше нападнат за време на неговиот пренос во живо за терористичката организација ФЕТО, известува Анадолу.

„Го осудуваме нападот врз новинарот на ТВ канал Си-ен-ен Турк од Вашингтон, Јунус Паксој, за време на неговата емисија за ФЕТО“, се вели во соопштението на турското МНР.

Во соопштението на турското Министерство се наведува дека американските власти ги презеле неопходните мерки лицата кои го организирале и извршиле нападот да бидат изведени пред лицето на правдата.

Претставникот на Си-ен-ен Турк и на весникот „Хуријет“ Паксој беше нападнат додека спроведување телевизиски пренос пред седиштето на терористичката организација ФЕТО во американската држава Пенсилванија, каде што престојува нејзиниот лидер Фетула Ѓулен.

Телевизискиот пренос на Паксој беше прекинат поради напад во текот на преносот во живо.

На снимката се гледа дека напаѓачот најпрвин со џип возел кон Паксој, а потоа излегол од возилото и физички го нападнал новинарот. Преносот во живо беше прекинат бидејќи поради нападот уредите паднале на земја.

Паксој подоцна се вратил во етерот и објаснил што се случило.

„Нападнат сум. Очилата и телефонот ми одлетаа. Кошулата ми е искината. Веднаш влегов во автомобилот, повикав полиција, наскоро ќе бидат тука, ќе го пријавам инцидентот. Што и да се случи, немате право да допирате никого овде“, рече Паксој.

Терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој престојува во Соединетите Американски Држави и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД

Припадниците на оваа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрирале во државните институции. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтирани судски процеси за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвавиот обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои организацијата ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што оваа организација е активна. На тоа секогаш укажуваат турските власти. За време на обидот за државен удар во Туркије, најмалку 253 лица загинаа, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Секој што ќе се осмели да го одвои Тајван од Кина ќе биде скршен на парчиња“, изјави кинескиот министер за одбрана

Следно

Со декларација за етничкиот легитимитет Европскиот фронт на Али Ахмети го брани духот на Рамковниот договор

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop