Туркије го осуди израелскиот напад врз шаторите на раселените Палестинци во Кан Јунис

September 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес го осуди израелскиот напад врз шаторите на цивилите во таканаречената „хуманитарна зона“ во градот Кан Јунис, јужна Газа, во кој загинаа десетици Палестинци, јавува Анадолу.

„Го осудуваме израелскиот масакр на десетици Палестинци во нападот врз шаторите на цивилите во таканаречената ‘хуманитарна зона’ во Кан Јунис“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се истакнува дека геноцидната администрација на Бенјамин Нетанјаху додаде „ново злосторство на својата листа на воени злосторства“.

„Оние кои ги вршат овие злосторства ќе одговараат пред меѓународното право“, се наведува во соопштението.

Се повторува поддршката на Туркије за палестинскиот народ „во нивниот марш за правда и слобода“.

Во израелските воздушни напади рано утрово врз шаторскиот камп во Кан Јунис, Ал-Маваси, кој Израел го означи како „хуманитарна зона“ за раселените цивили во Газа, убиени се најмалку 40 лица, а десетици се повредени.

Палестинската цивилна одбрана соопшти дека израелските проектили оставиле кратери длабоки до девет метри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија од третиот шешир ќе ги дознае противниците за пласман на СП 2026

Следно

Трипуновски за цените и маржите: Ќе излеземе со конкретен план како да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop