Туркије го осуди американскиот извештај за човековите права поради неосновани обвинувања

March 25, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије синоќа го осуди извештајот на американскиот Стеј департмент за човековите права во Туркије, што вклучува лажни информации и неосновани обвинувања, известува Анадолу.

Турското МНР соопшти дека Туркије одлучно ја продолжува борбата против терористичките организации, особено против ПКК/ПЈД/ЈПГ, ФЕТО, ДЕАШ и ДХКП/Џ, во согласност со меѓународното право, почитувајќи ги притоа човечките права.

Во соопштението се наведува дека Анкара не прифаќа оваа праведна борба да се изобличува и одразува во извештајот на поинаков начин.

„Жалиме што извештајот само во еден дел ги вклучува терористичките напади на ПКК изведени во нашата земја во 2022 година и кршењата на човековите права што ги стори таа организација“, се наведува со соопштението.

Турското МНР истовремено ја осуди американската страна поради тоа што ниту еднаш не ги споменала таканаречените „Сириски демократски сили“, за кои американската администрација има кажано дека ги кршат човековите права во Сирија, под контрола на терористичката група ПКК/ПЈД/ЈПГ.

„Го доведуваме во прашање легитимитетот и кредибилитетот на извештајот“, се вели во соопштението, обвинувајќи го Вашингтон дека ги затвора очите пред активностите на терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ и ФЕТО.

„Уште еднаш нагласуваме дека овој извештај, кој очигледно е обликуван со политички мотиви и потполно е лишен од објективност, не можеме да го сфатиме сериозно и ги повикуваме САД да се фокусираат на сопствената евиденција за човековите права“, се потенцира во соопштението.

Турското МНР истакна дека „Туркије не признава вакви неосновани и пристрасни обвинувања“ и дека одлучно ќе продолжат со напорите за заштита и подобрување на правата на своите граѓани и на милиони луѓе кои ги прими во својата земја изминатите години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ибрахимовиќ е најстариот играч во историјата на евроквалификациите

Следно

Украинците тврдат дека битката за Бахмут се стабилизира

Latest from Blog

Нови училници и опрема во „Јане Сандански“ – Општина Битола со повеќе од 3 милиони денари инвестиции

Општина Битола континуирано вложува во подобрување на образовната инфраструктура, а во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ реализирани се повеќе активности со цел создавање подобри услови за учениците и наставниците. Во рамки

Енергетските лидери во Скопје: започна 14-тиот Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14)

Скопје до 30 октомври е домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD-14, под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Форумот годинава привлече

Без одговор од НИС за блокираните милион барели казахстанска нафта за Србија

Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е под санкции од САД поради мнозинско руско сопствеништво, не коментираше засега за наводната блокирана испорака на околу милион барели казахстанска нафта наменета за компанијата, доставена

Буфон: Јувентус ретко ќе губи со Спалети

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, ја изрази својата поддршка за својот поранешен соиграч Лучијано Спалети, кој е фаворит да го замени Игор Тудор на функцијата менаџер. Јувентус во понеделник
Go toTop