Туркије го олеснува враќањето на Сиријците во нивната татковина преку трите гранични премини во Хатај

January 14, 2025
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Турските власти им помагаат на Сиријците во враќањето во својата татковина на граничните премини Џилвеѓозу, Јајладаги и Зејтиндали во јужната турска област Хатај, на брегот на Средоземното Море, јавува Анадолу.

Сиријците чекаат ред за царинските процедури на Граничниот премин Џилвегозу во подрачјето на Рејханли, каде што турската жандармерија постави коридор со цел одржување на редот.

Возилата на мобилната служба за управување со миграции на Туркије стационирани овде, исто така, помагаат да се забрза процесот на излез.

Откако ќе завршат царинските процедури, луѓето продолжуваат кон Сирија.

Тимови од обласната Дирекција за управување со миграции на Туркије, исто така, им помагаат на Сиријците во транспортот на нивните работи со помош на колички.

– „Туркије не нè напушти“ –

Семира ел Касим (11), една од Сиријците кои чекаат на Граничниот премин Џилвеѓозу, за Анадолу рече дека е родена и израсната во Туркије и дека е многу среќна што се враќа во својата земја.

Махир Елбекри, кој пристигнал во Туркије пред 14 години на тригодишна возраст, ја изрази својата благодарност за помошта на земјата домаќин за време на тешкиот период на режимот на партијата Баас, кој падна минатиот месец со бегството на Башар ал-Асад во Русија.

„Многу сум задоволен од Туркије. Бог да ги благослови сите. Се чувствувам одлично затоа што се враќам во мојата татковина, мојата земја.“

Сепак, тој ја изрази својата длабока тага што ги остава своите пријатели во Туркије.

Умеја Елбекри (15) изрази измешани емоции, велејќи: „Среќна сум што се враќам во мојата земја, но оставам толку многу зад себе… моите пријатели, училиштето и сè друго.“

„Се чувствувам како да оставам зад себе работи колку една планина, но сепак сакам да живеам во мојата родна земја. Многу сум благодарна на Туркије. Тие ни пружија образование, ни помагаа и не нè напуштија“, истакна Елбекри.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа Дамаск на 8 декември во молскавична офанзива предводена од Хајат Тахрир ал-Шам.

Преземањето на власта го означи крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад.

Новата администрација, на чело со Ахмед ал Шара, оттогаш ги презеде водството и одговорноста за земјата, и започна напори за нејзина обнова.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинско-британската режисерка за Анадолу ја раскажа пораката на нејзиниот филм „Учителката“

Следно

Обвинителството постапува за проверка по наводите за поднесената пријава од Град Скопје за цементарница „Усје“

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop