Туркије го одбележува Денот на мачениците и 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале

March 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Денес низ Република Туркије на пригодни начини се одбележува Денот на сеќавање на мачениците и 109-годишнината од поморската победа на Чанаккале, јавува Анадолу.

Во Европа е позната и како битката кај Галиполи, а тоа е една од најкрвавите и најжестоките битки во Првата светска војна, но, според многу показатели, воопшто во историјата.

Поморската битка се случила помеѓу 3 ноември 1914 година и 18 март 1915 година, а копнената битка се случила кај Чанаккале од 25 април 1915 година до 9 јануари 1916 година. Тоа се битките што го заземаат најзначајното место во историјата на Туркије и пошироко.

„Победата во Чанаккале беше величествена епска победа што ги фрли на колена најмодерните армии од тоа време и во историјата ја запиша изреката ‘Чанаккале е непробојно’“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалната мрежа X и додаде:

„Верата и решителноста на нашите херојски војници и единствениот успех постигнат во Чанаккале со жртвите на нашата нација, исто така, го инспирираа нашиот отпор што донесе победа во нашата војна за независност.“

По тој повод Ердоган изрази милост и им оддаде почит на сите маченици од Чанаккале.

Денот на мачениците и годишнината од поморската битка кај Чанаккале денес се одбележани во повеќето турски градови, каде што делегации положија венци на спомен-обележјата. Венци беа положени и на аниткабирот, мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

Турскиот претседател Ердоган денес во Чанаккале ќе присуствува на програмата за Денот на сеќавањето на мачениците и на 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале.

Во текот на денот тој ќе присуствува и на церемонијата на отворање на републичката кула на Ататурк во Анкара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина, Белорусија и Блискиот Исток теми на Советот за надворешни работи на ЕУ

Следно

Рампа за селективното пензионирање на лекарите

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop