Туркије ги повикува европските земји да преземат мерки по нападите на поддржувачите на терористичката организација ПКК

March 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Поради серијата напади на поддржувачите на терористичката организација ПКК во Европа, Туркије денес ги повика европските земји да преземат итна акција, наведувајќи дека очекува засегнатите земји да ги изведат напаѓачите пред лицето на правдата, пренесува Анадолу.

Поддржувачите на ПКК синоќа го нападнаа влезот на Генералниот конзулат на Туркије во Хановер, Германија. Нема загинати или повредени, но е направена штета на зградата која германските безбедносни служби се должни да ја заштитат како официјално претставништво на Туркије во таа земја.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека по нападот биле контактирани германските официјални лица и дека биле потсетени дека тие се одговорни за „безбедноста на нашите граѓани и дипломатските претставништва и дека не смеат да се толерираат провокации против турската заедница во Европа“.

„Терористичката организација ПКК, која сега е ставена во ќош, ги интензивира своите акции против турската заедница во Европа. Благодарение на здравиот разум на нашите граѓани, овие провокации не доведоа до посериозни инциденти“, се наведува во соопштението.

„Очекуваме засегнатите земји да покажат нулта толеранција кон дејствијата на поддржувачите на терористичката организација и што е можно поскоро да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.“

Нападот врз Конзулатот, што се случи за време на маршот на поддржувачите на терористичката ПКК, следуваше по слични акции во последните денови во Хамбург и Белгија, вклучително и напади врз локални Турци.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Иако е официјално забранета во Европската Унија и поединечни земји членки, во практика на терористичката организација ПКК ѝ е дозволено да протестира, да собира средства за својата терористичка кампања и да се заканува или да го напаѓа локалното население во европските земји.

Туркије силно ја осудува толеранцијата кон терористичката организација ПКК и нејзините поддржувачи во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СЗО: Скоро секое шесто дете било жртва на сајбер насилство

Следно

Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop