Туркије ги осуди новите израелски планови за изградба на нелегални населби

June 19, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије го осуди интензивирањето на активностите на израелските институции во врска со нелегалните населби, како и плановите за изградба на населби во 19 области на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Министерството во пишано соопштение во врска со израелските нелегални населби на окупираната палестинска територија ги осуди плановите на израелските власти за изградба на дополнителни населби.

Туркије ги осуди плановите на израелските власти да ги зголемат активностите поврзани со нелегалните населби и да изградат 4.500 нови нелегални станбени единици во најмалку 19 области на Западниот Брег.

Како што беше истакнато, неприфатливи се чекорите на израелската Влада што сериозно ги поткопуваат темелите на траен мир и целосно се против меѓународното право и утврдените параметри на Обединетите нации.

„Туркије ќе продолжи да ги поддржува напорите за дводржавно решение, кое има цел да воспостави географски интегрирана, независна и суверена палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со главен град Источен Ерусалим (Кудс)“, се заклучува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бранко Црвенковски со иницијатива за нова стратегија за евроинтеграциите: Досега процесот е во застој за целиот регион

Следно

Муслиманите од целиот свет во Мека: Посета и молитва крај Каба

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop