Туркије евакуира над 960 луѓе од Либан

October 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије евакуираше повеќе од 960 луѓе од Либан, според дипломатски извори, јавува Анадолу.

Турските бродови евакуираа вкупно 966 лица од Либан, меѓу кои 878 турски државјани, 24 државјани на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и 64 нивни најблиски роднини, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи.

Речиси 1.900 турски граѓани во Либан побарале нивна евакуација, изјавија изворите кои побараа анонимност.

Тие истакнаа дека 2.500 луѓе првично поднеле барање до Министерството за надворешни работи за евакуација.

Речиси 1.000 луѓе стигнаа до собирните места, а некои одлучија да не се качат на бродовите во последен момент, додаваат тие.

Напорите за евакуација доаѓаат кога Либан се соочува со огромни израелски воздушни напади врз, како што тврди Тел Авив, локации на Хезболах од 23 септември. Во нападите се убиени најмалку 1.323 луѓе, повредени над 3.700 други и раселени повеќе од 1,2 милиони луѓе.

Воздушната кампања е ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната офанзива на Тел Авив врз Појасот Газа, во која се убиени над 42.000 луѓе, повеќето жени и деца, од нападот на Хамас минатата година.

И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување копнена инвазија во јужен Либан на 1 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИОК го објави датумот за претставување на кандидатите за нов претседател

Следно

Осаменоста и стравот од отфрање се најголемите стравови за младите во земјата

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop