Туркије: Досега се регистрирани 29 загинати во пожарот што избувна во ноќен клуб во Истанбул

April 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека досега животот го загубија 29 лица во пожарот што избувна во ноќен клуб сместен во приземјето на 16-катница во истанбулскиот кварт Бешикташ, а три лица се хоспирализирани, известува Анадолу.

Во повеќекатна зграда избувна пожар за кој сѐ уште не се знае причината.

По пријавата, на самото место пристигнале единиците на противпожарната и итната помош и на полицијата.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 31 противпожарно возило и 86 пожарникари. Пожарот е изгаснат благодарение на напорите на пожарникарите.

Во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во 12:47 часот по локално време (11:47 по средноевропско време) во ноќен клуб кој се наоѓал во -1 и -2 катови од 16-катната зграда во населбата Гајреттепе.

Пожарот избувнал како резултат на реновирање на ноќниот клуб, иако не се наведува точната причина.

„Пожарот е изгаснат благодарение на интервенцијата на пожарникарските единици. Животот го загубија 29 лица. Хоспитализирани се 3 лица со тешки повреди“, објави канцеларијата на истанбулскиот гувернер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешен советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

Следно

Најмалку 29 луѓе загинаа во пожар во Истанбул

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop