Туристичка тура по обновениот покрив на историската Капаличарши во Истанбул

September 21, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Ајшенур КАЈА

Турите во Капаличарши, еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот, организирани за истражување на Истанбул од една поинаква перспектива, му даваат голем придонес на туризмот во турската метропола, пишува Анадолу.

Работите за реставрација продолжуваат во објектот, кој е популарна дестинација за туристите благодарение на својата историска текстура и интензивен комерцијален живот.

Капаличарши поседува затворена површина од околу 45.000 квадратни метри. Со својата архитектура овој објект потсетува на огромен лавиринт, а во него има 3.600 продавници, 22 порти и 14 ханови. Специјалните тури организирани на обновениот покрив на Капаличарши на домашните и странските туристи им овозможува да го истражат Истанбул од една поинаква перспектива.

Туристите од целиот свет имаат можност да уживаат во уникатниот поглед на Истанбул и теснецот Босфорот шетајќи по патеките на покривот на Капаличарши наречени „мачкина патека“. Сликите од ова несекојдневно доживување туристите го споделуваат на своите профили на социјалните мрежи со ознаки „Капаличарши“, „Сулејманије“, „Истанбул“, „Еминону“. На тој начин, прошетката по покривот на Капаличарши и дава светска препознатливост на оваа историска градба.

Фатих Куртулмуш, претседателот на Управниот одбор на сопственици на индивидуалните објекти во Капаличарши, во својата изјава за дописникот на АА рече дека идејата за туристичка прошетка на покривот е формирана задно со процесот на реставрација на објектот.

Зборувајќи дека реставрацијата не е целосно завршена, Куртулмуш рече: „По завршувањето на реставрацијата на покривот, идејата за споделување на оваа убавина со нашите луѓе и туристите беше многу дискутирана. Идејата за презентација на објектот восветот и во нашата земја кај сите остави убав впечаток. Презедовме акција во таа насока. Продолживме со воведување на потребни правила и прописи“.

Иако Капаличарши е светски познато место, Куртулмуш рече дека по реставрацијата покривот станал поуреден и повидлив, давајќи голем придонес за земјата и додаде:

„Фактот што покривот на оваа историска чаршија стара 563 години, изградена во 1461 година, го посетуваат луѓето, даде голем придонес за негова препознатливост на светско ниво. Секој турист што дојде беше задоволен бидејќи има можност да го видат Истанбул од една поинаква перспектива. Нѝ се заблагодарија и си заминаа.“

Куртулмуш рече дека на турите организирани по патеките на покривот не се примаат деца под 15 години и возрасни над 80 години. На туристите пред да се качат на покривот индивидуално се осигуруваат.

Нагласувајќи дека обиколките на покривот организирани преку агенции траат дваесет минути во групи од по десет луѓе, Куртулмуш истакна дека добиле одлични повратни информации за проектот.

„Туристите што доаѓаат тука, уживаат во глетката на Истанбул, а потоа тргуваат во чаршијата. Надоместоците што официјално се добиваат се користат за обнова на нашата Капаличарши“, информираше Куртулмуш.

Подвлекувајќи дека Капаличарши лани била домаќин на 44 милиони посетители и дека целта им е посетеност од 50 милиони туристи, Куртулмуш рече дека голем број туристи го посетиле и покривот на Капаличарши.

– „Сметаме дека и во иднина ќе се користи при снимање на филмови“

Потсетувајќи дека ТВ сериите и понудите за филмови за снимање на овој простор продолжуваат да доаѓаат во изобилство, и дека „Skyfall“, еден од филмовите од серијата за Џејмс Бонд во кој глуми познатиот актер Даниел Крег, е снимен на покривот на Капаличарши, Куртулмуш продолжи со зборовите:

„Сметаме дека во иднина повторно ќе има вакви снимања. Проекти од овој вид сметаме дека ќе продолжат и во иднина, доколку можат да се изведат под соодветни услови, секако, во согласност со правилата и прописите на објектот, без да се оштети покривот.“

Куртулмуш истакна дека со планираните проектите за реставрација имаат за цел да ја популарираат Капаличарши како препознатлив објект во светот и додаде дека ќе вложат напори за зголемување на видливоста на историскиот објект.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Воено злосторство претставуваат експлозиите на комуникациските уреди во Либан“

Следно

Загина пешак кај кочанското село Тркање

Latest from Blog

40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската

Детален преглед за состојбата на патиштата

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може
Go toTop