Тухел до своите репрезентативци: Местото во репрезентацијата на никого не му е гарантирано

October 12, 2025
1 min read

Репрезентацијата на Англија е на пат да обезбеди нов пласман на Мундијалите овојпат на оној во САД, Мексико и Канада следната година.

Селекторот Томас Тухел одлично се снајде на позицијата, јавноста на Островот е презадолна од него.

Тој пак, во чисто германски стил изјави дека на ниту една од големите звезди на тимот, како Џуд Белингем, Џек Грилиш и слични кои што пак поради различни причини пропуштија некои од последните собири, не му е загарантирано местото во тимот. Истото мора да се заслужи. Ова Тухел го изјави од проста причина што замените за гореспоменатите, кои што беа повикани дополнително, одлично си ја завршија задачата.

Англија ја победи Андора на Вембли ја „уништи“ Србија во Белград со 0:5, а само пред неколку дена го победи Велс на пријателски натпревар. Морган Роџерс и Елиот Андерсон на тие мечеви одлично се покажаа. Самиот Тухел призна дека разговарал по телефон со Белингам, кој сакал да биде дел од тимот, но сепак не бил повикан и останал во Мадрид.

„Во моментов станува збор само за играчите кои се на камп со нас. Тоа е нашиот фокус. Вратата е отворена за секој што може да придонесе, конкуренцијата за позициите е отворена“, изјави селекторот на Англија.

 

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најголемите митови за секој хороскопски знак

Следно

Њујорк: Градот на фасади што зборуваат, архитектонски спектакл и визуелна енциклопедија на стилови

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 81,25 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 14–18.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 81.254.481 денари: 67.918.931 денари со акции преку редовно тргување, 20.405 денари со

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на
Go toTop