Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на Вања, негов впечаток е дека полицијата не се ангажирала

September 25, 2024
1 min read

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството на неговата ќерка Вања Ѓорчевска, рече адвокатот Владимир Туфегџиќ во „Поткаст” со Кристијан Ландов.

Тој во постапката е адвокат на таткото Александар.

Јавниот обвинител, посочи, ќе има тешка задача да ги поврзе доказите за двете убиства, на Вања и Панче Жежовски.

Таткото на Вања прв го открил возилото, па после полицијата го следела за да ја најде траекторијата, вели Туфегџиќ во „Претрес“.

„Јас на судот му стојам на располагање да се расчисти случајот”, рече на судењето таткото.

„Александар ја добива информацијата за исчезнувањето на Вања од мајката. Тие се во стресна состојба како родители. Прв чекор е да се извести полицијата. Мајката ја извести полицијата. Претпоставуваа дека детето одело на училиште. Тие биле со телефоните поврзани. Наставничката ја известила мајката дека Вања не се појавила. Вања немала никакви проблеми со мајката и таткото. Живеела во нормална средина, иако родителите биле разведени. Вања била особено поврзана со таткото. Нивен впечаток е дека полицијата доволно не се ангажирала и затоа сам почнал истрага и тоа го довело до видео камерите. Му ги дале снимките сите, забележал атипично движење на едно возило. Таткото презел сѐ што би направил родител. Таткото им ги дал снимките на полицијата”, рече Туфегџиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото коментар: За културата на почитувањето на државните симболи

Следно

Макрон: „Израел не може да ги прошири своите операции во Либан без последици“

Latest from Blog

Коњановски на седница на Регионалната стопанска комора: Фокус на економскиот развој на Пелагонија и Преспа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола. На дневен ред беше работата на Регионалната комора

Како да го препознаете насилникот на време? „Ми беше потребна цела година да се извлечам“

Според стручните лица, за да препознае потенцијален насилник многу е важно секоја жртва да биде добро информирана за тоа што може да биде насилство. Широката јавност сè уште го перципира насилството само

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè
Go toTop