Туфегџиќ: Исказот на Ѓорчевски ја разоткрива неоснованоста на обвинението

April 7, 2025
1 min read

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните. Според адвокатот, исказот на Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението.

-Фактички, сметаме дека со ова успеа на некој начин да му долови на судот во што се состои неоснованото обвинение во него. Мислам дека и неговиот исказ прилично јасно допре и до застапникот на Обвинението, за кој ние немаме ништо против. Очекуваме и вкрстени прашања, меѓутоа денеска Александар исцрпно ја кажа до детаљ суштината, рече Туфегџиќ.

Адвокатот изрази уверување дека јавниот обвинител нема да се предаде лесно, но нагласи дека аргументи и докази против Александар не постојат.

-Јас лично не очекувам дека јавниот обвинител, односно застапник на обвинението туку така едноставно ќе се предаде. Јасно му е на јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар нема. Она на што тие одат дека се аргументи и докази, не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот, дополни тој.

Туфегџиќ истакна дека Ѓорчевски дал јасен опис на постапките на полициските службеници, потврдувајќи го недостатокот на унифицирани стандарди за постапување во вакви случаи.

Адвокатот ја нагласи тортурата вршена врз неговиот клиент, истакнувајќи дека Александар бил воздржан во своите изјави. Нагласи дека исказот даден денеска е скратена верзија, додека поопширната е доставена до Јавното обвинителство, но суштината останува иста.

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски денеска исцрпно и детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања и односот со полицијата во текот на истрагата.

Судењето продолжува во петок со вкрстени прашања од обвинителството. По сведочењето на Ѓорчевски е предвидено да сведочи и обвинетиот Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таткото на Вања: Овие луѓе не се каат за ништо

Следно

РОБЕРТ ДЕ НИРО ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop