Цветановска: Поднесовме претставка до инспекторатот за локална самоуправа, бараме да се поништи одлуката за изменување и дополнување на програмата за урбанистичко планирање на Општина Карпош

September 27, 2024
1 min read

-СДС, Стевчo Јакимовски и советници од листата на Левица ги интересира само бетонизација на Карпош и повеќе не се грижат ниту за закони, ниту за постапки, ги интересираат само криминал и пари, истакна Благица Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош Јакимовски и СДС се обидоа, спротивно на сите законски норми и процедури, да протнат точка, Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2024 година. Оваа програма, воопшто не е донесена ниту пак е објавена во Службен гласник на Општина Карпош, за сега истата да се менува и дополнува. Оваа програма Јакимовски, СДС и Левица неколку пати се обидуваа да ја поминат насилно во Советот на Карпош, но во тоа не успеаја благодарејќи на активностите на нашата советничка група, изјави Цветановска.

-Зошто го прават ова вака со програмата по секоја цена? Бидејќи ако нема програма, нема простор за нивните криминални ДУП-ови и нема исполнети барања и нарачки од градежната мафија. Ваквото работење е спротивно на законите во Македонија, против сите процедури и постапки, за што денеска поднесовме претставка до Инспекторатот за локална самоуправа, каде бараме веднаш да интервенира и да ги поништи овие одлуки, нагласи на пресконференцијата, Благица Цветановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Воедно, бараме јавното обвинителство и сите останати институции, веднаш да отворат предмети за кршење на законските процедури, како и за злоупотреба на службена положба и овластување и да постапат. ВМРО-ДПМНЕ е вистински партнер на жителите на Карпош и ќе ги искористиме сите средства кои ни се на располагање да го спречиме урбаното дивеење на Јакимовски, СДС и поранешната Левица во Карпош, истакна во изјавата Цветановска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марковиќ: Политичките елити не сакаат да ризикуваат и да се фатат во костец

Следно

Орбан: Потребна е стратешка соработка во борбата против илегалната миграција за да ги задржиме идентитет и национална определба

Latest from Blog

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop