ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

January 28, 2024
2 mins read

Во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,5 отсто, а 58,5 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,97 отсто од реалните повици, кон Итната медицинска помош 41,33, кон пожарникарите 4,43, а кон АМСМ 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 5,9 отсто со другите 59,59 отсто што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, велат од ЦУК.

Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, десетина пријавени во последното деноноќие.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по добиена пријава на 112 во ЦУК за шумски пожар помеѓу селата Морани и Вражеле рид во Општина Студеничани веднаш е известена ЈП „Национални шуми – подружница Караџица“ од Скопје за нивна понатамошна постапка. Во 14:36 часот информираа дека пожарот е на непристапен терен и има само чад и најверојатно е запалено ѓубре. Тимот од ЈП НШ „Караџица“- Скопје користел алтернативен пат односно од другата страна да стигнат поблиску до пожарот оценија дека пожарот и со заладување на времето ќе биде изгаснат. Пожарникарите на БППЗ на Град Скопје од 10:10 до 11:11 часот, со едно противпожарно  возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 5.000 квадратни метри во село Зелениково (Општина Зелениково). Од 11:25 до 12:10 часот, со едно противпожарно возило и три пожарникари интервенирале на запалено стрниште на Автопат-Скопје-Велес Општина Петровец. Исто така, во изминатото деноноќие  имале уште една помала интервенција поради запален контејнер.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 17:43 до 18:40 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација кај „Дета Центар“ (Општина Прилеп)

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 14:03 до 15:15 часот со едно противпожарно возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација пред село Просениково, на  површина од околу еден хектар. Во период од 18:20 до 18:50 часот со едно противпожарно возило и  пет пожарникари интервенирале и на запалени огревни дрва во село Баница близу Домот за зависници (Општина Струмица). ТППЕ Радовиш од 16:04 до 17:20 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во село Оравица на зафатена површина од еден хектар (Општина Радовиш). ТППЕ Гевгелија во период од 15:00 до 17:00 часот интервенирале на запалена нискостебелста шума од Доброволното едно противпожарно друштво со едно противпожарно возило и три доброволци (Општина Дојран).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 17:03 до 17:35 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена дива депонија и ниска вегетација во близина на Фабриката за вода во месноста „Полатски пат“ (Општина Кочани).

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Ранковце дека имала една помала интервенција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска избира нов претседател, извесен и втор круг

Следно

Сообраќајка во кратовско, тешко повреден еден од возачите

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже
Go toTop