ЦУК: Вчера имаше 18 пожари на отворен простор, активни се уште два

October 5, 2023
1 min read

реклама

Во земјава вчера имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се уште два, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во  Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, месност „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап на лица и за гаснење. Во текот на денот интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Македонски Брод и од ЈП Национални шуми – подружница „Сандански“ Македонски Брод.

реклама

Вториот, се уште активен, пожар е во Општина Чашка, кај месноста „Изворите на Бабуна“, во реонот на с.Нежилово, што почнал околу 15:00 часот вчера и гори букова шума. За негово гаснење интервенирале противпожарни тимови од ЈП „Национални шуми“, подружница ,,Бабуна“- Велес.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: Владата ја распушти крајнодесничарската католичка партија Цивитас

Следно

Од следната година за влез во Шенген зоната ќе ни треба виза која нема да се нарекува виза

Latest from Blog

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на
Go toTop