ЦУК: Вчера имало четири пожари на отворено, сите се изгаснати

November 6, 2023
1 min read

реклама


И покрај поројните локални дождови и влажното време вчера во државава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во саботата на Единствениот број за итни случаи во ЦУК имало двојно повеќе повици од вообичаеното за координирање и решавање комбинирани случаи.

реклама

-За тоа најверојатно најмногу придонесоа локалните поројни дождови што почнаа од петокот, покрај други локални случувања. Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, вчера од 18:30 до 20:30 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалено стрниште и околна вегетација, на површина од 2.000 метри квадратни во атарот на селата Горно Коњаре и Катлановска Сушица, покрај стариот пат за Свети Николе во Општина Петровец, велат од ЦУК.

На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера првично било добиена дополнителна информација за веќе пријавениот пожар во атарот на село Сушица, дека пожарот опасно се доближил на околу 500 до 600 метри пред селото од левата страна и се приближува кон првите неколку куќи од селото. Притоа било брзо реагирано, па и ТППЕ од Куманово биле запознаени и подготвени за интервенција за ако треба дополнителна помош од кумановска страна, но пожарникарите од БППЗ на Град Скопје успеале да го совладаат пожарот.

реклама

Пожарникарите од Територијалната противпожарна заштита Битола, вчера од 17:20 до 18:15 часот, со два пожарникара и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација и стрниште во атар на село Добромири. Од 18:45 до 19:25 часот, пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани со два пожарникара и едно  противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација и стрниште во атар на село Кривогаштани.

ТППЕ Кичево имала една интервенција, при што брзо и ефикасно ја изгаснале запалена дрвена бандера и околниот простор до бандерата, со што не дозволиле пожарот евентуално да се прошири.

реклама

Според извештаите за работата на Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, за време викендот биле примени повици во рамки на дневниот просек од 1.500 до 2.000. Во саботата биле примени 1.676, а во неделата 1.514 повици за итни случаи. Најмногу повици биле упатени кон Полицијата и Итната медицинска помош.

-Викендов, особено во саботата ЦУК имал над двојно повеќе итни сучаи за комбинирано решавање. Конкретно, ЦУК решава итни случаи од вкупниот број „реални“ повици, во просек од 4 до 10 отсто од пријавените, а овој викенд особено во саботата тој просек бил 22 проценти, што значи дека имало многу повици за комбинирано дејствување, велат од ЦУК.

Оттаму со препорака до возачите да внимаваат на апелите на АМСМ за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово, Кочани – Делчево, а и на делницата Куманово – Крива Паланка. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот државен секретар Блинкен во посета на Анкара

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Канцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop