ЦУК: Вчера имало 33 пожари, активни седум од вчерашните и четири нови од утрово

October 10, 2023
1 min read

реклама

На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден хеликоптер на МВР, а некаде покрај ПП тимови во одбрана на селата се вклучи и месно население, како во Демирхисарско.

реклама

Големите активни пожари од вчера, заради коишто директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, лично направи хеликотерско извидување во соработка со хеликоптерската единица на МВР се во:

– Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава на непристапен терен (каде што гори борова шума);
– Општина Штип, два пожара од поголеми размери, еден кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума) и еден пожар  с.Калапетровци (дабова шума и сува трева);
– Општина Крушево, кај селата Света и Бирино (дабова шума);
– Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ (нискостеблеста шума);
– Општина Валандово, с.Пирава, месност „Бел Камен“ (ниска вегетација) и во
– Општина Струмица, кај с.Габрово (каде што горела ниска вегетација).

реклама

– По рекордот од 60 пожари во неделата, вчера имаше „само“ 33 пожари на отворен простор од коишто во моментот горат се уште седум од вчерашните и четири нови од утрово, велат од ЦУК.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Израелската армија во текот на ноќта изврши над 200 напади на Газа

Следно

ВО ЖИВО: „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Ново Село, Босилово и Василево

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop