ЦУК: Пожарникарите интервенирале на 33 пожари вчера, а активни се уште два

September 23, 2023
1 min read

реклама



Пожари на отворено, вчера (22.09.2023 година петок) имаше вкупно 33, според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Противпожарните тимови, некаде и помогнати од месното население, 31 изгаснале , а два (2) пожара утрово се уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање и догаснување.

Активните два пожара се во Општина Брвеница, кај с.Милетино (каде што гори борова шума и ниска вегетација), што беше изгаснат, но ноќта повторно почна да гори и во Општина Могила, кај с.Лознани (каде што гори ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума).

реклама

Изгаснатите 31 пожар (при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, борова шума, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата:

  • Општина Сарај, 2, кај с.Крушопек (депонија) и кај с.Раовиќ (ниска вегетација);
  • Општина Бутел, кај „Клучката“ во населбата „Бутел“ (ниска вегетација);
  • Општина Студеничани 3, кај с.Цветово (нискостеблеста шума), с.Црвена Вода (нискостеблеста шума) и кај с.Батинци(ниска вегетација);
  • Општина Гази Баба, кај с.Брњарци (мешана шума);
  • Општина Битола, кај месноста „Индустриски Пат“ (ниска вегетација);
  • Општина Прилеп, 4, кај фабрика „Милина“ (ниска вегетација), с.Старо Лагово (ниска вегетација), с.Клепач (ниска вегетација и редови со дрвја) и кај с.Долгаец (ниска вегетација);
  • Општина Долнени, кај с.Житоше и с.Борино (ниска вегетација);
  • Општина Гевгелија, 2, кај с.Давидово (ниска вегетација, грмушки и напиштени лозја) и кај с.Прдејци (ниска вегетација);
  • Општина Радовиш, кај с.Злеово (депонија);
  • Општина Струга, 3, кај с.Корошишта (стрниште), с.Ложани (стрниште и дива депонија) и кај с.Подгорци (ниска вегетација);
  • Општина Кичево 3, кај с.Другово (борова шума), с.Србјани (стрниште) и кај с.Жубрино (стрниште);
  • Општина Кочани, кај с.Оризари (ниска вегетација, нискостеблеста шума и лозје);
  • Општина Теарце, кај с.Доброште (ниска вегетација);
  • Општина Гостивар, 2, кај с.Чајле (ниска вегетација) и кај с.Форино (ниска вегетација),
  • Општина Куманово, 4, кај месноста „Стари Лозја“ (ниска вегетација), с.Тромеѓа (ниска вегетација), с.Романовце (ниска вегетација) и кај с.Агино Село (ниска вргетација и стрниште) и во
  • Општина Старо Нагоричане, кај с.Младо Нагоричане маало „Слатино“ (каде што горела ниска вегетација).

Инаку, по утринските активности за контролирање, локализирање и гаснење на се уште активните пожари се очекува да се доизгаснат вчерашните два пожара.

реклама

Улога на медиумите во подигање на јавната општествена свет за поголема безбедност од пожарите и од другите опасности за граѓаните, е неодминливо да се посочи дека е на високо ниво.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чави официјално потпиша нов договор со Барселона

Следно

Израелските сили пукаа на границата со Газа: Повредени 28 Палестинци

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на
Go toTop