ЦУК: Пожар во Ѓорче, зафатен и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци – пациентите и персоналот евакуирани

July 6, 2025
1 min read

Денес попладне избувна пожар во населбата ГеГе кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата.

Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), под водство на директорот г. Мухамед Али, веднаш побара дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координираше со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледуваше можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствуваше во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.

Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.

На лице место, заедно со директорот на ЦУК, г. Мухамед Али, беше и директорот на болницата, г. Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот е пишман аџија: Нема да има данок за немажени и неженети

Следно

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop