ЦУК: Изгаснати девет пожари, под контрола пожарот над демирхисарското село Вирово

August 23, 2024
1 min read

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои под контрола е ставен еден пожар, а изгаснати се девет, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола е ставен пожарот во Општина Демир Хисар, кај Плакенска планина, над село Вирово. Со пожарот, како што наведува ЦУК, беше зафатена ниска вегетација и сува трева.

Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш, кај месноста викана Рудина чешма, во Општина Градско, кај село Долно Врановци, во општина Струга, кај селата Ново Село и Татеши и кај селата Октиси – Долна Белица. Изгаснати се пожарите во Општина Тетово, кај новиот стадион, во Општина Гостивар, кај населбата Млаки и во Општина Врапчиште, кај село Градец. 

Од скопскиот регион изгаснати се пожарите во општина Студеничани, кај село Пагаруша и во Општина Чаир, на улица „Серава“, каде горело  ѓубре. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна првото тестирање на mRNA-вакцината против рак на белите дробови

Следно

Јаневска: Планирано е зголемување на студентскиот оброк, а судот ќе одлучи за долгот од осум милиони евра за превозот на студентите во Скопје

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop