ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце

August 14, 2023
1 min read

Според информациите на ЦУК, добиени од Регионалниот центар во Куманово, во несреќата, автомобил, од засега непознати причини, удрил во банкина покрај патот

Едно лице го загубило животот, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во реонот на село Љубанци во Општина Ранковце, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Илустративна фотографија / Фото: Архива

Според информациите на ЦУК, добиени од Регионалниот центар во Куманово, во несреќата, автомобил, од засега непознати причини, удрил во банкина покрај патот.  

Трите тешко повредени лица, според првичните информации од ЦУК, биле пренесени во болницата во Куманово.  

„Сообраќајот на тој патен правец во периодот од 2 часот до 5:25 часот бил во целосен прекин“,

се наведува во информацијата од ЦУК.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест ракописи во потесниот избор за наградата „Антево перо“

Следно

Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро за еден сантиметар пониски од вчера

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop