Screenshot

Црвените линии се празни зборови ако нема одговорност за оние што го уништуваат македонскиот идентитет

September 28, 2025
1 min read

„Од искуство можам да кажам: нема заштита на македонскиот идентитет и интереси со утврдени црвени линии во резолуција изгласана во македонското Собрание, сè додека првин нема одговорност за лицата кои спротивно на резолуцијата изгласана во Македонското Собрание на 3 ноември 2008 година (за спорот со Грција), референдумот од 30 септември 2018 година и резолуцијата изгласана во македонското Собрание на 29 јули 2021 година (за спорот со Бугарија) ги погазија македонскиот идентитет и интереси”.

Ова на Фејсбук го напиша Трајко Вељаноски, поранешен претседател на македонскиот парламент.

Како што е познато, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, деновиве ја претстави предлог-резолуцијата за т.н. „црвени линии“ на Македонија во односите со Бугарија. Документот беше промовиран како „државнички одговор“ на долгогодишниот спор со Софија и како обид да се дефинираат јасни позиции на земјата во процесот на европските интеграции. Со него, според СДСМ, се предвидува заштита на македонскиот идентитет, јазикот и историјата, како клучни теми околу кои нема отстапки.

Водечки личности на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека документот на Филипче не содржи никакви конкретни „црвени линии“ и дека е празен акт без политичка тежина. Според нив, тоа е само обид за дневно-политички маркетинг, без суштински последици во преговорите со Бугарија. Опозицијата дополнително потсети дека резолуции од ваков тип веќе се донесени во Собранието, но дека тие не влијаеле на ставовите на Софија.

Така, во јули 2021 година, а Собранието усвои Резолуција со која беа утврдени државните позиции во спорот со Бугарија. Документот беше предложен од тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но со усогласен текст кој претходно беше координиран со владејачките партии и усвоен со широка поддршка – над 90 гласа „за“. Целта беше Собранието, како највисок законодавен дом, да испрати јасна порака за националните интереси во процесот на евроинтеграциите.

Резолуцијата ги утврдуваше „црвените линии“ во однос на македонскиот јазик, идентитет и историја. Таа нагласуваше дека македонскиот јазик и идентитет се недвосмислени и неприкосновени, и дека тие не може да бидат предмет на преговори со Бугарија или со кој било друг меѓународен партнер. Со ова се сакаше да се обезбеди правна и политичка рамка за македонските преговарачи, во услови кога Софија го блокираше отворањето на пристапните преговори.

Овој документ претставуваше редок пример на широк политички консензус во Македонија околу националните прашања. Тој беше поздравен од повеќе страни во јавноста како чекор кон заштита на државните интереси, иако критичарите предупредуваа дека ќе има ограничено влијание врз ставовите на Бугарија.

Тогашната македонска власт самата ги погази сопствените „црвени линии“, а Македонија и натаму е блокирана од Бугарија поради историографски и јазични спорови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Храмот „Свети Константин и Елена“ – ново светло на верата во Скопје

Следно

Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

Latest from Blog

Мерил Стрип ја пропушти свадбата на Селена Гомез, блескаше на модна ревија во Милано (ФОТО)

Иако нејзиниот партнер и колега од серијата „Само убиства во зградата“, Мартин Шорт, беше на свадбата, 76-годишната добитничка на Оскар мораше да го пропушти големиот ден, пишува АП. Снимање во Италија Причината

Крвава свадба во Шибеник: Жена била погодена во глава со сигнална ракета, веднаш починала

При испукување на ракета на свадбата, една жена беше погодена и се здоби со сериозни повреди на главата. Повредената беше итно пренесена во Општата болница во Шибеник, каде што, и покрај напорите

Полска ги подигна борбените авиони и ги затвори аеродромите поради руските напади

Полска ноќеска, поради интензивниот напад на Русија со ракети и дронови врз Украина, ги затвори аеродромите во Љублин и Жешув и ги подигна своите и сојузничките борбени авиони, соопшти Оперативната команда на

Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

Џери Наумоф, поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е добитник на специјалното признание „Македонско наследство во јавната служба“, доделено на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора
Go toTop