Ѓорѓиевски: Храмот „Свети Константин и Елена“ – ново светло на верата во Скопје

September 28, 2025
1 min read

Денеска, Скопје беше домаќин на свеченото осветување на храмот „Свети Константин и Елена“, настан кој ја одбележа големата духовна важност на градот.

„По многу децении на чекање и борба, Скопје повторно го добива својот свет храм како живо сведоштво дека Божјата промисла е посилна од сите човечки планови и дека верата никогаш не може да се сруши“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје.

Храмот, првобитно изграден пред Првата светска војна и осветен во 1926 година, ќе биде место за утеха во тешкотиите, светилник на надежта и дом каде верниците ќе ги возвишуваат молитвите кон Бога.

 

 

„Свети рамноапостоли Константине и Елена, молете Го Бога за нас и бдејте над градот Скопје, за во него да владеат вера, мир и љубов“, порача Ѓорѓиевски.

Со повторното осветување на храмот, Скопје ја враќа својата духовна длабочина и симбол на вербата и единството на граѓаните.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

“Илинден“-Тирана алармира: Бугарските акции во Преспа се обид за асимилација

Следно

Црвените линии се празни зборови ако нема одговорност за оние што го уништуваат македонскиот идентитет

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop